Се подготвува новото игралиште во скопска Автокоманда

Во скопската населба Автокоманда на улицата „Трифун Хаџијанев“ се изврши асфалтирање на спортско игралиште над постојни подземни гаражи, со димензии 25х18 метри. На игралиштето се планира изведба на заштитна мрежа со висина од 4 метри и поставување на опрема за баскет и мал фудбал.

Општина Гази Баба за овие активности одвои околу 600.000. денари од сопствениот буџет, а изведувач на асфалтерските и изолатерските работи е фирмата Изолација од Скопје. 

07.05.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа