Бил Клинтон само ме искористи- Левински проговори за своето минато

 

Поранешната стажантка во Белата куќа, Моника Левински вели дека била жртвата во нејзиниот наводен „доброволен однос" со поранешниот американски претседател Бил Клинтон пред речиси дваесет години и оти длабоко жали за тоа, произлегува од написот објавен вчера во магазинот Vanity Fair.

- Решив да ја кренам главата од песок и да проговорам за моето минато. а колку ќе ме чини тоа дури сега ќе видам - изјавила Левински

Таа признала дека односот кој се случил помеѓу неа и поранешниот  прв човек на САД бил однос помеѓу две возрасни луѓе но истотака навела дека длабоко се кае  поради сето тоа.

- Да мојот шеф ме искористи. Но цврсто стојам на мојот став дека тоа беше доброволен однос од двете страни. Секоја злоупотреба се случи подоцна кога послужив како жртвено јагне за зачувување на неговата положба - изјавила Левински. 

07.05.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега