И тоа го има- снимката од својот абортус ја споделила на Јутуб

 

Советник пациентката Емили Летс, околу прашањето за абортусот и самата била на таков зафат, а решила целиот процес да го сними и да го постави на Јутуб.

 

"Пациентите во клиниката секогаш ме прашуваат дали можам да разберам како се чувствуваат, дали некогаш сум имала абортус. Дали имам деца..." Обично им велев дека "никогаш не сум имала абортус, но..." Додека бев трудна и чекав на интервенцијата, помислив, "чекај малку, можам ова да го искористам", открила советничката.

Откако завршила целата процедура, Емили пред камерата рекла "завршив", а подоцна објаснила дека не можела да се грижи за детето и дека таткото не бил вклучен во одлуката.

"Можев да земам пилула за крај на бременоста, но одлучив да го направам тоа од што жените најмногу се плашат. Сакав да им покажам дека не е страшно и дека нешто како позитивна приказна за абортусот", изјавила Летс која и по еден месец не жали за својата одлука.

"Не се чувствувам како лоша личност ниту пак сум тажна. Воодушевена сум од тоа што можам да имам дете, да создадам живот. Знам дека ја направив правилната работа бидејќи беше правилна за мене, и за никој друг", одлучна е Летс.

Емили, забременила случајно бидејќи не користела средства за контрацепција.

07.05.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа