ЕУ за бојкотот на СДСМ: Брисел претпочита ангажман а не повлекување

Брисел претпочита ангажман, а не повлекување, вели гласноговорникот на Штефан Филе, Петар Стано во интервју за порталот „Фактор“, одговарајќи на прашањето какви се политичките последици со бојкотот на СДСМ и дали Македонија е пред сериозна политичка криза.

-Ние сме свесни дека главната опозициска партија е разочарана со изборниот процес и не ги признава резултатите. Ова е несреќна ситуација. Ние претпочитаме ангажман, а не повлекување. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме политичките лидери да се ангажираат во конструктивен дух за решавање на актуелните прашања, истакнува Стано за „Фактор“.

Тој додава дека потребен е конструктивен ангажман и дијалог меѓу Владата и опозицијата внатре во земјата, избегнувајќи да шпекулира за мешање од надвор.

За извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, Стано истакнува дека нивната проценка се темели на широк спектар на прашања кои се детално опишани во извештаите.

-Во случај на вашите неодамнешни избори,  тие се изјаснија дека биле ефективно спроведени, вели Стано.

07.05.2014 - 09:58
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега