Малолетни "мафијаши" се обиделе да отрујат наставничка- ја спасила ученичка
10- годишните членови на бандата "Мафија", ученици од основно училиште, се обиделе да ја отрујат својата наставничка. Таа една од шесте наставници кои планирале да ги елиминираат. И ставиле отров во кафето.
Само еден ден откако ученици ја избоделе до смрт британската наставничка Ен Мегир во училиште во Лидс, двајца 10-годишни ученици за малку ќе ја убиеле својата наставничка во едно основно училиште во Лемингтон, пишува Daily Mail.
Во моментот кога 39-годишната Ема Плејс се свртела со грбот, учениците ја земале хемикалијата и ја ставиле во термосот со кафе. Едно девојче во последен момент ја спречило својата наставничка да се напие од кафето. И кажала што се случило. Ема го отворила термосот и тогаш го почувствувала мирисот на хемикалијата.
По инцидентот била повикана полиција. Откриле дека децата се обиделе да ја отрујат наставничката со микс од средства за чистење. Челниците на училиштето сами ќе одлучат која ќе биде казната за децата, но не сакала да откријат пред медиумите. Наставничката нема да поднесува тужба, а децата се моментално суспендирани.
Подоцна било откриено дека децата биле членови на училишната банда наречена "Мафија". Направиле список од шест наставници кои треба да ги елиминираат. Ема Плејс била наставничка на замена.
Според друга теорија, станувало збор за шега која тргнала на лошо. Родителите на останатите деца тврдат дека момчињата доаѓаат од добри семејства и дека многу жалат за тоа што се случило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа