Конференција за поддршка на системот за згрижување на деца
Во организација на СОС Детско село Македонија, денеска ќе се одржи воведната Конференција за промовирање на „ПРИДЕ“ интернационално лиценцирана програма, методологија за поддршка на системот на згрижување на деца во згрижувачки семејства.
Во рамкки на денешната конференција ќе биде потпишан и Меморандум за соработка за имплементација на „ПРИДЕ“ програмата во Македонија, помеѓу СОС Детското село и Министерството за труд и социјална политика.
Свое обраќање на конференцијата ќе имаат претставници на СОС Детско село, Министерството за труд и социјална политика како и тренерите за ПРИДЕ програмата Роб Ван Пагéе и Жељка Бургунд.
„ПРИДЕ“ програмата е светски признаена и имплементирана методологија која ќе овозможи унапредување на поддршката и грижата за децата згрижени во рамките на Згрижувачки семејства. Таа е дизајнирана за зајакнување на квалитетот на грижата на децата во згрижувачкото семејство и развивање на услуги преку обезбедување на стандардизирана, доследна, структурирана рамка за регрутирање, подготовка, и изборот на згрижувачи. Програмата исто така обезбедува стручно оспособување и тековен професионален развој на сите инволвирани во процесот на поддршка на згрижувачките семејства но и на самите згрижувачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа