Почина Војо Стојановски
Вечерва по кратко боледување почина пејачот на народна музика Војо Стојановски на 65 годишна возраст.
Тој остави позади себе остави голем број на песни и концерти одржани во Македонија и странство. Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско.
Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“.
06.05.2014 - 23:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа