Мистериозна материја се заканува да ја разнесе Земјата?

 

Темната материја може да фрли смртоносни метеори на Земјата, предизвикувајќи потенцијално масовно истребување како катаклизмата која довела до крајот на ерата на диносаурусите, велат научниците од Харвард.

Физичарите мислат дека мистериозната, невидлива супстанца која се нарекува темна материја сочинува 5/6-ини од сите материи во Универзумот. Прв пат била откриена преку силата на нејзиното гравитационо привлекување, кое очигледно му помага на Млечниот пат и останатите галаксии да се "држат" заедно со оглед на брзината со која се движат.

Научниците неодамна предложиле теорија според која тенкиот и густ дел од темната материја е оддалечен на 35 светлосни години и' е сместен низ централниот рамен Млечен пат, а со самото тоа ја "сече" галаксијата со ѕвездите. Сонцето патува горе - доле, додека истовремено кружи околу центарот на галаксијата.

Научниците велат дека овој "диск" од облак, направен од темната материја, може да ја загрози орбитата на кометите и надворешниот Сончев систем, проголтувајќи ги.

"Ова може да доведе до катастрофални напади на астероиди на Земјата, како оние кои и' ставиле крај на ерата на диносаурусите", изјавиле Лиса Рендал и Метју Рус од Харвард.

 Претходните истражувања сугерирале дека метеорското "бомбардирање" на Земјата расте и паѓа во циклус од 35 милиони години. Во минатото, научниците мислеле дека космичкиот предизвикувач од овој циклус е потенцијална ѕвезда - пријателка на Сонцето со драматично име "Немесис".

Наместо да ја обвинат оваа "ѕвезда на смртта" за евентуална катастрофа, Рендал и Рис истакнале дека овој мрачен циклус се судира со сончевото движење низ централниот рамен Млечен пат. Тоа навестува дека темната материја е вистинскиот "негативец".

Истражувачите исто така анализирале кратери широки до 20 километри кои настанале последните 250 милиони години. Тие тврдат дека три пати се поголеми шансите кратерите да се предизвикани од циклусот на темната материја, отколку истите случајно да настанале. Овој циклус можеби ги убил диносаурусите пред 67 милиони години.

Научниците рекле дека Европската вселенска агенција ќе открие дали постои темната материја. Мисијата е започната во 2013-тата година и ќе создаде прецизна 3D мапа од ѕвездите ширум Млечниот пат.

Извор:Точка

06.05.2014 - 19:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа