Неверството не е повеќе најважната причина поради која таа ќе ве остави- еве зошто

Си ја тргнал маската
Жената е вечен оптимист. Таа ќе мисли дека ти си г-дин Совршен се додека може да се залажува себеси. Но, доколку почне да и' станува очигледно дека ти никогаш нема да се претвориш во човекот кој таа сака да го има покрај себе, ќе си побара нов проект.
Не и' е дојдено времето за тебе
Самошто и понудиле одлична работа - во друг град. Или пак нејзините пријателки се подготвуваат за шестмесечно патување по југоисточна Азија, а не те сака доволно за да го пропушти и да остане со тебе. Не дека не и' се допаѓаш, едноставно приоритети се во прашање.
Тебе не ти е дојдено времето за неа
Интелегентните жени знаат дека повеќето мажи тешко се одлучуваат за сериозна врска, брак или семејство, но секое чекање има крај. Доколку тоа што на неа и е потребно во моментот е сериозност, а ти не си подготвен да и ја обезбедиш, ќе најде некој што ќе и ја задоволи желбата. Или пак, поминале толку многу ваши годишнини, а ти се уште не можеш да се одлучиш дали ќе ја побараш? Чао!
Ништо добро од тебе
Доколку повеќе не ја разгалуваш, лошо се однесуваш со неа, таа ќе ти даде шанса или две, дури можеби и три и повеќе отколку што заслужуваш. Но, доколку продолжиш со лошото однесување ќе сфати дека од тебе не може да очекува ништо добро.
Што беше тоа добар секс?
Не се залажувај - и на неа сексот и е важен исто колку и на тебе. Доколку не ви оди во креветот, нема да ви оди ни во другите заеднички "акции". Добро слушај ја кога ти зборува - доколку ти спомене романтично патување, масажа за двајца, романтичен состанок, размисли што всушност се обидува да ти каже.
Поранешна сопруга и првото дете
На неа не и' пречи што веќе си бил во брак или дека си останал добар татко и после разводот. На нејзе и' пречи доколку во сето тоа ја запоставуваш. Доколку не си во состојба да ставиш крај со поранешната жена и нејзините каприци, кои веќе ни по закон не мораш да ги задоволуваш, тогаш твојата нова девојка ќе стави крај со тебе.
Куќа-работа-куќа-работа
Поминаа оние први месеци во вашата врска кога на вам покрај сексот ништо друго не ви беше потребно. Време е да излезете од спалната соба, но не во дневната пред ТВ туку некаде подалеку. Ако ти не сакаш да излезеш со неа, таа ќе излезе сама.
Сапун во рака!
Во ред е да го пуштиш малку стомакот, да не се бричиш секое утро, да 'рчиш. Но не е во ред да носиш валкани чорапи, чевли стари 15 години и покрај овие работи да бидеш арогантен. Среди се, да не "те среди" таа за секогаш.
"Мамммммааааааа!!"
И таа има мајка па не и' се јавува по пет пати дневно на телефон, знае сама да се испегла, да се нахрани и да донесе важни одлуки и без мама. Нема таква цврста девојка која ќе се одлучи да го дели момчето со друга жена, па макар тоа да била и жената која го родила!
Те фатила на дело?
Немаме коментар...
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа