Најмалку 33 лица починаа од труење со алкохол

 

Најмалку 33 лица загинаа а околу 45 се хоспитализирани во Кенија откако конзумирале илегално произведен алкохолен пијалок.

Неколку од хоспитализираните лица кои успеале да преживеат го загубиле видот. 

На телевизиските снимки прикажани се жртвите во болки во локалните болници во источните и централните окрузи Ембу, Киту и Киамба. Полицијата во Киамба трага за уште жртви.

Конзумирањето и продажбата на илегално направени алкохолни пијалоци е честа појава во Кенија, Парламентот во 2010 година усвои Закон за контрола на алкохолот, кој се покажа како неефикасен.

06.05.2014 - 17:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега