Во продажба се влезниците за концертот на финалистите од „X Фактор“

 

Влезниците за големиот концерт на финалистите од мегапопуларното шоу „X Фактор“ веќе се во продажба во продажната мрежа на МКтикетс.

Kонцертот ќе се одржи во арената Борис Трајковски на 7-ми јуни.

За најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, во продажба се пуштени и најавените фан-пит влезници кои се достапни во строго ограничен број од само 500 влезници.

Цената на фан-пит влезниците изнесува 700 денари, а покрај фан-пит, достапни се и влезници за партер по цена од 350 денари, влезници за трибините кои чинат 400 денари, како и ограничен број ВИП влезници по цена од 1.000 денари.

06.05.2014 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа