ФОТО: Ова е познатиот доктор кој го уапси полицијата

Познатиот македонски доктор офталмолог Д.С. (45) попладнево бил уапсен во Скопје. Полициски извори за Press24 велат дека бил приведен во близина на новата Автобуска саница во Скопје. Според првичните и се уште неофицијални информации, тој бил приведен а кај него бил пронајдени банкноти обработени од полицијата. 
Информациите се дека тој е приведен под сомнение за дело поврзано со корупцијата. 
Полицијата официјално потврдува дека привела доктор но не го соопштува неговиот идентитет, ниту детали за апсењето, ниту пак за кое кривично дело се сомничи.

 Повеќе детали од МВР најавуваат за утре

06.05.2014 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа