„Никна" аптека во Чешиново Облешево

 

Во населеното место Облешево во општина Чешино-Облешево, започна со работа аптека која е една од 73-те аптеки кои добија лиценца за аптека во рурална средина.

- Аптеката е од особена важност за жителите на општината. Ова е значаен дел од Владиниот проект за засилување на фармацевстката мрежа на територијата на Македонија, со акцент на руралните средини. Руралниот доктор и руралните аптеки се проекти во кои се опфатени и жителите од општина Чешиново-Облешево, истакна Костадин Личков, градоначалник на општината.

Новата аптека е на компанијата Зегин и ќе опслужува над 3.000 жители од Облешево и уште десетина населени места кои гравитираат кон овој општински центар.

06.05.2014 - 16:18
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега