„Европската унија како предизвик за младите во Македонија„

На Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска се одржа дебата на тема „Европската унија како предизвик за младите во Македонија“ и натпревар во ораторство, на кои учествуваа претставници од македонските универзитети. Настанот беше организиран за обележување на 9-ти Мај, Денот на Европа.

Главна тема за студентите беше  миграцијата на младите и перспективите што им ги нуди матичната држава. Според студентите младите во Македонија шансата за просперитет ја гледаат во странство. Тоа го потврдува и статистиката. Според „Националниот совет за млади во Македонија“ младите Македонци мигрираат дури за 60 проценти повеќе од светскиот просек. Студентите шансата за успех ја гледаат во земјите од Европа и очекуваат работите да тргнат на подобро по влезот на Македонија во ЕУ.

- Европско движење на Македонија под покровителство на Мисијата на ЕУ и Европското движење на Македонија по повод денот на Европа ќе се организираат 30-ина настани а акцент ќе биде ставен на социјалната инклузија на младите и вработувањето, вели Ѓуровска. 

Советникот во делегацијата на Европската унија во Р Македонија,  Робин Лидел  вели дека патот до членство на Унијата е долг, но можностите што ги нуди таа асоцијација се големи.

- Долг е патот до Европа, иако  во Британија сега е актуелна дебатата дали треба да бидеме дел од ЕУ или не, на тоа прашање е тешко да се одговори, но иако патот за подготовка за членство е тежок, јас верувам дека тој води до вистинското решение и креира бенефит за поголем дел од луѓето. Денес се соочуваме со огромне проблем во светот, граѓанската војна во Украниа и појава на нова Студена војна. Јас длабоко жалам за актуелната состојбата. Верувам дека ЕУ може да ни пружи сигурност и основа да избегнеме конфотирање меѓу нациите, рече Лидел. 

06.05.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа