Проверете дали утре во вашата населба ќе нема струја

Дел од корисниците од село Бразда утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Мишовска“ и „Домазетовска“ во село Драчево, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од село Долно Свиларе и корисниците од улицата „Црногорска“, ул. „6“ и ул. „8“ во општина Ѓорче Петров, од 11:00 до 14:00 часот дел од корисниците од улиците „Јустинијан Први“ (по старо „Драчевска“) и „Речиште“ во село Драчево, а од 9:30 до 14:00 часот и дел од корисниците од селата Сарај и Грчец.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД. 

06.05.2014 - 14:51
Фото: 
либертас.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега