ФОТО: „ Ѓурѓовден“ се слави во Кисела Вода

Денеска во Општина Кисела Вода се организираа низа на настани по повод одбележување на празникот Ѓурѓовден кој е посветен на светецот Ѓорѓија Победоносец.

Одбележувањето почна со литургија во црквата Св. Ѓорѓија на која присуствуваше и општинска делегација, по што се одржа цветно дефиле во кое учествуваа неколку стотини деца од градинките и училиштата од Кисела Вода. Напладне во паркот „Шопен“ настапија ученици од речиси сите училиштата, а попладне концерт ќе одржат културно-уметничките друштва од оштината.

Патронатот ќе биде одбележан и со атлетска трка на основците, која поради временските услови беше одложен за петок.

Според Библијата, Ѓурѓовден е празник кој му е посветен на светецот Ѓорѓија Победоносец кој издржал најсурови мачења, но останал истраен во својата верба во Бога. Црквата посветена на овој светец, лоцирана во населба Кисела Вода, според некои легенди датира уште од времето на Јустинијан, односно од почетокот на 6 век.

06.05.2014 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа