Уште еден крвав ден во Украина - еве што се случува

По крвавите немири во Одеса на 2 мај, како исчезнати се водат 48 лица, а се уште има 20 неидентификувани тела на загинати во судирите и пожарот во кои загинаа 46 лица, сооопшти регионалната управа на украинското МВР.

Експертите од судска медицина претходно препознаa 37 од загинатите, чии тела беа откриени по пожарот во локалниот Дом на синдикатите. Како причина за смртта се посочуваат прострелни рани, повреди добиени при пад, изгореници и труење со јаглероден диоксид. 

Полицијата во Одеса соопшти за 38 идентификувани тела од вкупно 46 жртви.

Според официјалните податоци во немирите животот го загубија 46 лица, а над 200 се повредени. Пратеникот Олег Царов и други украински политичари тврдат дека властите намерно го прикриваат вистинскиот број на жртви поради опасност од бунт.

Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека полицијата донела одлука да побара експертска помош од странци за истрага на настаните во Одеса. 

06.05.2014 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега