Неколку скопски улици денеска без вода

Поради дефект на водоводна мрежа на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ број 38 без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од истоимената улица.

Како што информираат од Водовод и канализација, корисниците ќе немаат вода од 10:45 часот па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа на улица Стрежево кај Кам Маркет, без водоснабдување ќе останат и корисниците од улиците Стрежево и Козле од 11:10 часот па се до санирање на дефектот.

06.05.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа