Ја убил сопругата со секира па си ги исекол вените и си го распарал стомакот

Уште една трагедија во Србија. Маж си ја убил сопругата, а потоа си пресудил самиот на себе.

Според податоците од српскиот Курир, се работи за 54-годишниот Драган Мартиновиќ кој завчера во семејната куќа ја убил својата сопруга, 49-годишната Ангелина Мартиновиќ, со секира. Србинот кој имал психички проблеми, ја удрил својата сопруга со секира по главата, а потоа со нож си ги исекол вените и си го распарал стомакот.

Снаата на Ангелина раскажува дека утрото отишла кај неа на кафе. Кога ја отворила вратата го затекнала Драган како лежи целиот во крв, а потоа ја здогледала и Ангелина. Глетката била страотна.

- Во спалната соба стоеше безживотното тело на несрената жена. Беше облечена во пижами, и целата во крв. Драган ја усмртил додека спиела. Ја удрил со секира во слепоочницата. Ѕидовитебеа целите со крв, беше ужасно, вели таа.

Соседите тврдат дека Драган и Ангелина неколку пати се разделувале, но таа секогаш му се враќала назад. Тој започнал да се лекува во психијатриска болница, па затоа и не знаат како можело да дојде до оваа трагедија.

Ова е само уште една трагедија која деновиве ја зави Србија во црно.

 

06.05.2014 - 12:18
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега