Преговори за нова Влада: Што бара ДУИ?

 

Без многу врева во јавноста и со оскудни информации за новинарите течат преговорите за формирање на новата влада кои ги водат Груевски и Ахмети. Од ВМРО-ДПМНЕ не може да се добие никаква информации за текот на разговорите. Од партијата која убедливо победи на овие избори и чиј лидер ќе го добие мандатот од Претседателот Иванов велат дека штом се постигне договор за тоа ќе биде информирана јавноста. 
Без многу информации и од Мала Речица. Лидерот на ДУИ повеќе сака да зборува за медиумите кои известуваат на албански јазик, особено за оние од регионот. Така за албанската телевизија А1 репорт, Ахмети вели дека им престојат исцрпувачки преговори и дека очекува едно од трите највисоки места во државата да го добие етнички Албанец. Ако се има предвид дека ДУИ нема никакви шанси да добир премиерска позиција, а Претседателот веќе го избраа граѓаните, станува јасно дека интегративицте целат на функцијата Претседател на Собранието. 
Ова практично значи дека Ахмети се откажува од сите барања во замена за претседателската позиција во Собранието. 
Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ по овие избори има многу подобра стартна позиција, односно само еден пратеник помалку од потребниот минимум  за да се изгласа новата Влада. Тоа значи дека ДУИ не единствениот избор за нов коалиционен партнер, односно во комбинација влегуваат и ГРОМ но и ДПА на Мендух Тачи која веќе изрази подготвеност за соработка. 
Оттука, аналитичарите со право очекуваат да се намалат апетитите на ДУИ кои пред изборите ветуваа дури и двојазичност на целата територија, барање, кое според изјавите на сите луѓе од Мала Речица, воопшто не се става на маса во преговорите со Груевски. 
Изборните резултати, бар според она што го изјавува Ахмети ги натерале ДУИ да се откаже од речи си сите барања и да остане само на барањето за Претседател на Собранието.

06.05.2014 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега