Даночните инспектори удрија по естрадата

Српската естрада е на удар на даночниците. Прва на мета е пејачката Сека Алексиќ која неодамна доби луксузен автомобил од својотсопруг за подарок.

- Моментално проверуваме од каде се парите со кои сопругот на Сека Алексиќ и купил Мерцедес вреден 100.000 евра. Проверууваме од каде потекнуваат парите, од каде е купено возилото, и дали е платен данок, изјавуваат даночните инспектори за српскиот Курир.

Инаку, претходно Сека која се пофали со луксузниот подарок, не сакаше да каже од каде му се парите на нејзиниот сопруг за него.

- Не сакам да коментирам. Данок плаќам секогаш. Секој мој настап е уреден, изјави Сека.

Останува да видиме што ќе откријат инспекторите.

06.05.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега