Македонија нема да добие поени од Србија на Евросонг

Србија нема право да гласа на овогодишниот Евросонг бидејќи земјата како лани така и оваа година нема свој претставник.

Како што изјавува Душка Вучиниќ Лукиќ од РТС  за „Блиц“ ,  српскиот јавен сервис ќе ги пренесува сите три вечери на ова музичко натпреварување, кои се на програмата вечерва, во четврток и во сабота

Пред околу 10 илјади луѓе и 180 милиони гледачи ширум светот, во салата “B&W”, 16 земји вечерва во 21 часот ќе се борат за влез во големото финале кое ќе се одржи во сабота на 10-ти мај.

Вечерва на сцената ќе настапат Ерменија, Латвија, Естонија, Шведска, Исланд, Албанија, Русија, Азербејџан, Украина, Белгија, Молдавија, Сан Марино, Португалија, Холандија, Црна Гора и Унгарија.

06.05.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега