Скопјанка нема повеќе да краде - три лица зад решетки

Полицијата повторно ловеше лоши момци. СВР Скопје лиши од слобода три лица кои се барале подолг период.

Се работи за 55-годишниот Рамадан Д. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од две години, за сторено кривично дело “тешка кражба”, 55-годишната скопјанка Лилица А. која се барала за истрага, за кривично дело “тешка кражба” и 27-годишниот Дејан С. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење  од девет месеци, за сторено кривично дело “убиство од небрежност”.

Истите се спроведени во затворот Идризово.

06.05.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега