Спогодба за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Косово

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово ќе имаат Спогодба за поттикнување на економската соработка, која е најавено денеска во Скопје да ја потпишат нивните претседатели Бранко Азески и Сафет Герџалиу.

Стопанската комора на Македонија во своите простории денеска ќе официјализира и Договор за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија, кој треба да го пoтпишат претседателите на двете комори Бранко Азески и Мендерес Кучи.

СКМ информира дека целта на овој договор е промовирање на натамошниот развој и зајакнување на постојната соработка во областите од заемен интерес, заради заедничко унапредување на работата на коморите.

06.05.2014 - 11:33
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа