Мафијашки во Штип: Им дошле дома и ги претепале

Вистинска драма се одвивала синоќа во штип кога четворица штипјани без никаква причина биле претепани додека си седеле во својот двор.

Според податоците, 19-годишниот Ѓ.Д. 17-годишниот М.Д. 39-годишниот М.М. и 35-годишниот М.Ј. седеле во двор на улицата Косовска во Штип, кога одеднаш пред дворот застанале неколку возила, од кои излегле поголема група лица кои физички ги нападнале удирајќи ги по телата и главите, при што им нанеле повреди.

Повредените биле веднаш пренесени во болница, а сега се пуштени на домашно лекување.

Полицијата трага по насилниците.

06.05.2014 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега