Убиецот на манекенката Червенко итно пренесен во болница

Дариан Мишиќ, убиецот кој го изврши грозоморното убиство на манекенката Владислава Червенко, е пренесен во болницата на Централниот затвор. 25-годишниот монструм кој до смрт ја претепа својата девојка, при што и го скрши секое ребро на телото, боледува од дијабетес, а неговата состојба значително се влошила.

Инаку, ова е трет пат Дариан да биде пренесен во болницата на затворот поради здравствени проблеми. Тој беше осуден на 35 години затвор за убиството, но Апелација го врати процесот од почеток. Мишиќ ги збуни и вештаците кои не можат да утврдат дали бил непресметлив додека го извршувал делото.

За потсетување, грозоморниот настан се случи во 2012 во домот на манекенката. Дариан ја претепал поради љубомора. Според доказите, таа умирала бавно, во агонија. И биле скршени сите ребра, а глетката во станот била ужасна. Крв имало на сите страни.

 

06.05.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега