„Оставка и на Заев во Струмица“

 

Кандидатите на СДСМ кои ги добија новите 34 мандати се соочуваат со вистински притисок од раководствто предводено од Заев и Шеќеринска. Лидерскиот двоец во паника дека може да му се случи она што Заев му го направи на Отпорот пред локалните избори минатата година, бара секој од кандидатите кои добија нови мандати но и оние подолу на листите да потпишат изјави на нотар дека се откажуваат од пратеничкото место.
 Дел од новите пратеници на опозицијата, пред се од редовите на коалиционите партнери на СДСМ велат дека се под силен притисок да ги депонираат оставките со потпис заверен на нотар уште пред 11 мај, за кога е закажан Конгресот на СДСМ. 

Извор од Бихаќка коментираат дека на тој начин Заев сака да се обезбеди пред Конгресот и да биде сигурен дека никој од пратениците нема да му „откаже љубов“.

Сепак, правници за Press24 велат дека потпишаните изјави на нотар не значат ништо доколку некој од пратениците се реши лично да се појави во Собранието и да го прифати мандатот.

Заев, според нашите извори инсистирал на оставките за да се испрати порака во јавноста дека во СДСМ има обединетост околу идејата за бојкот. Партиски функционери за Press24 велат дека ваквите постапки на Заев дополнително го револтираат членството, особено што лидерот го одбил нивното барање, да се солидаризира со новите пратеници и да си поднесе оставка на градоначалничката функција во Струмица.

Истовремено, Заев јасно ставил на знаење дека од оваа позиција не се повлекува.

 

 

06.05.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега