Старица изгоре во пожар
Осумдесетгодишна старица изгоре во пожар кој избувна во нејзиниот стан во Нови Сад.
Се работи за 80-годишната Даница М. која најверојатно се задушила од чадот, поради што починала на местото на настанот. Пожарникарите во понеделникот околу 2 часот добиле дојава за пожар во зградата, а кога пристигнале на местото на настанот, за жал, целиот стан бил во пламен, а старицата лежела мртва на подот.
За жал, докторите можеле само да констатираат смрт.
06.05.2014 - 10:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа