Анкета: Поповска, Јакимовски и Жерновски со поголем рејтинг од Заев - Груевски убедливо на врвот

 

Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, верските заедници и претседателот на државата, а најмала во судството и во партиите. Од политичарите најголема доверба има премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груески. Ова го покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики во текот на февруари. Истражувањето е спроведено преку телефонска анкета врз репрезентативен примерок од 1.584 испитаници во периодот од 8 до 13 февруари.

67 проценти од испитаниците се изјасниле дека веруваат во Армијата, 60 проценти во верските заедници, 54 во Претседателот на Република Македонија, 49 во полицијата и 43 проценти во Владата на Република Македонија, додека од друга страна, само 24 проценти веруваат во партиите, 32 проценти во судството, а 40 проценти во ЕУ и медиумите.

Од политичките лидери најголема доверба ужива претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за кого се изјасниле 42 проценти од анкетираните, а по него следуваат Лилјана Поповска и Стевчо Јакимовски со 23 проценти и Андреј Жерновски со 19 проценти. За лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев се изјасниле 14 проценти од испитаниците, а по него се Али Ахмети со 12 проценти, Мендух Тачи со 9 проценти и Љупчо Зиков со 7 проценти.

Истажувањето е во рамки на проектот поддржан од ЕУ „Партнерство за отворена влада-право да знаеш во ЈУИ Европа“.

06.05.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега