Јадете банани и намалете го ризикот од срцев удар за 40 отсто

Бананите се преполни со влакна, витамини и минерлали, ова овошје секогаш треба да го имате во вашата кујна бидејќи го намалува ризикот од срцев удар за 40 отсто.

Бананите содржат три природни шеќери кои во комбинација со влакна го снабдуваат организмот со енергија.

Богати се со протеини кои организмот ги претвора во серотонин кој е заслужен за опуштање и добро расположение.

Витаминот Б6 го регулира нивото на глукоза во крвта, и помага за ублажување на симптомите на ПМС.

Бананите исто така се богати со железо кои го стимулираат производството на хемоглобин во крвта, и така спречуваат појава на анемија.

Витаминот Б12 и магнезиумот помагаат во заздравување на организмот од штетните ефекти на никотинот, така што бананите се одлична храна ако се обидувате да престанете со пушење.

Калиумот е минерал кој помага за правилна работа на срцето, испраќа кислород до мозокот, и ја регулира рамнотежата на вода во организмот.

Списанието „The New England Journal of Medicine“ објави студија во која е заклучено дека секојдневното конзумирање банани во исхраната го намалува ризикот од срцев удар за 40 отсто.

 
06.05.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега