Повредените во сообраќајката кај Битола во критична состојба

И натаму е критична состојбата на повредените во страотната сообраќајка која се случи на патот Битола-Прилеп. Како што пишува Канал 5, лекарите веќе втор ден се борат за животот на 18 и 21- годишните жители на крушевското село Алданци, кои со тешки скршеници и состојба на шок, беа примени на одделението за интензивна нега во битолската клиничка болница.

За потсетување, сообраќајната несреќа се случи на патот Битола-Прилеп, откако се искршија две патнички возила од Крушево и Скопје. За жал, животот го загубија пет лица.

06.05.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега