Наташа Беквалац итно пренесена во болница

 

Барбиката од Нови Сад, Наташа Беквалац, во последно време помина низ многу тежок период во животот, поради што и се влоши здравствената состојба. Пред два дена кога се враќала од Црна Гора, на пејачката и се слошило и ја заболел стомакот, при што не можела повеќе да издржи, па итно нејзината сестра која била со неа, ја однела во болница.

- Освен болки, Наташа се жалеше и на нагон за повраќање, а тоа дополнително ја исцрпи. Таа неколку минути стоела на пат со колата, бидејќи не можела да земе воздух од преголемата болка во желудникот, вели извор близок до сестрите Беквалац.

Докторите констатирале дека проработел чирот, но за среќа не пукнал. И препорачале помалку да се нервира, редовно да јаде и да одмори.

 

06.05.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега