Пијани возеле на скопските улици - седум лица повредени во сообраќајки

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле седум лица.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 19 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 20 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 67 возила.

Во текот на денешниот ден има најава за еден вонреден настан. По повод патрониот празник на општина Кисела Вода, 6 Мај, ќе се одржи цветно дефиле на кое што ќе учествуваат учениците од основните училишта на подрачјето на општина Кисела Вода. Истото ќе започне во 11 часот пред Општината Кисела Вода. За време на движењето на учесниците во дефилето од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување - физичко регулирање, а во зависност од потребите сообраќајот ќе биде етапно пренасочен по околните сообраќајници.

06.05.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа