Еве на кои патни правци има забрана за товарни возила

На патниот правец Кратово - Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, е воведена забрана за товарни моторни возила и автобуси, а за патнички моторни возила сообраќајот се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Забраната е воведена поради оштетеност на една коловозна лента, како последица од обилните врнежи.

АМСМ информира дека забрана за движење на тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Радовиш - Конче (Р-2433), на кој на 11-тиот километар има свлечиште. Сообраќајот таму се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои,  наместа по влажни коловози.

06.05.2014 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега