Конечно добра вест: Од дождот толку

Од денеска ќе следи период на постабилно и посончево време. Преодно наоблачување со краткотраен пороен дожд ќе има во четврток претежно во западните и северните делови од земјата. Утринските и дневните температури до четврток ќе бидат во пораст, а потоа ќе се задржат на достигнатото ниво.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во централните дeлови со повеќе сонце, а во крајните западни и источни делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Температурата од девет до 21 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Температурата до 17 степени

06.05.2014 - 00:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега