Оставките во СДСМ заверени на нотар не значат ништо

Оставките кои на инсистирање на раководството на СДСМ кандидатите за пратеници од оваа партија ги заверувале на нотар немаат никакво значење. Правници за Press24 велат дека нотарот единствено верификува дека потписот ставен на одредено парче хартија е од лицето кое се наоѓа пред него и дека тоа го прави без никаква присила. Сепак, правниците велат дека секоја изјава дадена пред нотар, кандидатите за пратеници можат да ја повлечат пред верификационата комисија и еднсотавно да си го прифатат мандатот кој граѓаните им го дадоа на изборите на 27 април. 

Експертите веќе коментираат дека ваквата постапка на раководството на СДСМ е само доказ за паниката во која се наоѓаат од можноста дел од пратениците да ги прифатат мандатите и идејата за бојкот да пропадне, односно да се повтори сценариото кое Заев и Стевчо Јакимовски му го сервира на таканаречениот Отпор на СДСМ пред минатогодишните избори. Ситуацијата дополнително ја компликува и фактот штово коалициониот партнер ЛДП нема единство околу оваа одлука. На деншниот Централен одбор на партијата според информациите до кои дојде Press24 имало подолга дебата околу тоа дали треба да се вратат мандатите. На крајот била изгласана одлука за поддршка на Заев, а со неа не се согласил само еден член на одборот а тројца биле воздржани.
Нов проблем за СДСМ станува и можноста дел од кандидатите да преминат во ГРОМ, тема за која денеска веќе пишуваа медиумите.

05.05.2014 - 23:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега