„Не лажеа дека одиме на ексурзија“ - потресна исповед на една бугарска проститутка

Бугарката Светла за една тамошна телевизија си ја отворила душата за тоа како била принудена да работи како проститутка од 1999 во  Благоевград, Охрид, Албанија, Италија, Холандија, Франција.

- Ја во 1999 година бев мало девојче кое влезе во каналите на трговијата со луѓе со желба да си купам поубава облека таа желба ме внесе во межународниот канал на размена на трговија со жени, раскажува Бугарката за бугарскиот весник 24 часа 

- Пријатели ми понудија пари, ме однесоа во Благоевград каде што првпат бев продадена. Ми беше понудена голема сума на пари. Ми рекоа дека можам да си повикам и пријателка за да не бидам сама. Тргнавме со една моја познаничка, која не ја познавав многу добро. И реков дека одиме на екскурзија. Имав голема доверба во мојот поранешен пријател. Отидовме во еден стан во Благоевград каде што имавме цигари, пиење, јадење, купони... Ги прашав пријателите да не се работи за проституција, ми рекоа дека тоа нема никаква врска со нив. Тогаш дознав дека почнаа да се споменуваат некои Македонци кои требаше да ме купат. Во еден момент останавме сами во станот заедно со неколкјумина непознати луѓе. Влеговме во некоја кола и тргнавме кон Македонија. Полиција немаше. Ја преминавме границата, а едната од нас во грбот имаше вперен пиштол. Ја поминавме границата и ни рекоа отворено што треба да правиме. Ни рекоа дека тука ќе мора да се разделиме со пријателката и дека ќе не убијат ако не се проституираме. Не продадоа некаде во близина на Охридското Езеро. Бевме заедно со уште една Украинка и Романка. Четворица не чуваа. Во куќата имаше околу 20 девојки.

Ни носеа јадење, се грижеа за нас, а вечерта не облекуваа во некои фустанчиња и не не носеа во еден бар. Таму требаше да играме, а мажите си избираа која девојка ја сакаат и одеа во еден хотел во близината на барот. Никогаш не сум избројала со колкумина сум имала секс. Јас не сакав да работам како проститутка. Ако се вратев без пари, ме тепаа и ме враќаа кај мажите“, ја раскажува својата тажна приказна Светла од Бугарија.

Потоа Бугарката била продадена на Албанци кои ја однеле во нивната земја.

- И тука ја минавме границата без никаков проблем. Не знам како успеаја да ме прошверцуваат пред полицајците. Бевме некаде на море. Преку ден шетавме по плажата, а потоа свирки, секс... И тука околу две недели, па со брод отидовме за Италија. Во Италија бевме во едно село. Таму живеевме со три девојки. Тука работев на автопат. Ме научија малку и италијански јазик, но не успевав да ги извадам парите што тие си ги планирале. Албанците многу ме тепаа. Еднаш ме уапсија полицајците. Од страв да не ме тепаат моите „газди“ реков дека сум Украиинка. Ми земаа отпечатоци и ме пуштија. Претпоставувам дека некој од макроата завршил работа да ме пуштат, вели Светла.

По Албанија девојката била продадена во Франција и во Ротердам

- „Некако успеав да се јавам на моите роднини. Ги замолив да ми помогнат и им реков дека сум во Холандија. Од нив разбрав дека и Интерпол ме бара. На сите им беше многу страв затоа што моите макроа беа Албанци. Еден ден успеав да избегам без нити стотинка во мене. Прво што ми текна беше да побарам полицаец. Најдов еден. Ми рече дека му е гајле што има потерница по мене. За среќа сретнав двајца мажи Македонци. Ми помогнаа. Ми кажаа каде да одам. Отидов ви бугарската амбасада“, се сеќава на ужасот Светла.

Откако се вратила во Бугарија дознала дека нејзината познаничка ја нашле полумртва на некое ѓубриште во Македонија.

 

- Брзите пари завршуваат брзо. Сега сум среќна. Мајка сум на две деца. Но ќе бев посреќна ако ја слушав мајка ми“, вели Светла која веќе има 30 години и се уште има лоши соништа поврзани со овој нејзин трагичен период од животот, кажала измачената жена.

 

 

05.05.2014 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега