Жените ми плаќаат илјадници долари за да бидам во нивно друштво- интимна исповед на еден жиголо

За студентскиот блог „Columbia Lion“ анонимен студент од Универзитетот Колумбија, признал дека работел како жиголо, а уредништвото на блогот го проверило неговиот идентитет и потврдило дека неговата приказна е вистинита.

 

Тој, за блогот, го раскажал своето искуство.

-Доаѓам од традиционално католичко семејство од пониската средна класа, која има десет милиони деца. Без оглед на тоа што оваа многу добро се плаќа, не очекувам дека моите помали роднини ќе пораснат сонувајќи дека ќе успеат во животот како деловна придружба. Но ако можам да заработам 15.000 долари за цела недела во декември да ја поминам сончајќи се во Тоскана, наместо задникот да ми се смрзнува во Њујорк, ќе го сторам тоа додека сум доволно млад за да можам. Се разбира, повеќето мои средби не се толку гламурозни. Вообичаено, се се сведува на четири часа за вечера и секс, за што наплатувам по 1.200 долари, плус трошоците за вечерата и за хотелската соба.

Жените со кои вообичаено ме спојуваат, се оние кои го сакаат сексот, но стануваат срамежливи и бараат светлата да останат изгаснати. Трикот е во тоа да ги наговориш светлата за останат запалени, а потоа постојано да им кажуваш колку се убави, дури и кога тоа не е вистина. Така добиваш големи бакшиши и редовни муштерии.

Постојат различни жени кои се подготвени да платат илјадници долари за машко друштво. Јас се обидувам да им ја создадам илузијата за романтична врска. Затоа, повеќето мои клиентки се запоставени сопруги, разведени мајки и срамежливи жени кои имаат проблеми со поврзување. Се разбира, постојат и исклучоци.

Пред две недели, на пример, една жена ми плати да излезам со неа на вечера и да глумам дека сум нејзино ново момче зашто требаше да се сретне со својот поранешен сопруг и со неговата нова девојка. Пред вечерата, поминавме цел час смислувајќи лажна историја на нашата „врска“. Тоа не е вообичаено барање, но таа добро плаќаше, а јас не избирам премногу...“   

05.05.2014 - 16:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега