ФОТО: Како најлесно да изгубите пари за 90 минути?

Еден Црногорец вложил 10 000 евра за да добие 1000, но останал и без тие пари.

Натпреварот Барселона- Хетафе заврши со резултат (2:2) со што се чини дека Барса испадна од трката за шампионската титула.

Каталонскиот тим важеше за голем фаворит, а навивачите на оваа екипа беа убедени во триумф.

Во тоа веруваше и ова момче кое покрај малиот коефициент за победа на Барселона се одлучил да вложи 10 000 евра, за како добивка да земе само 1000 евра. Сепак, малерозниот Црногорец по овој меч останал и без неговите 10 000.

05.05.2014 - 16:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега