Продажбата на „Телеком Косово“ ги крши имотните права на Србија
Српската канцеларија тврди дека поголемиот дел од акциите на косовското акционерско друштво се сопственост на српската држава или на други помали акционери, а сите објекти што ги користи „Телеком Косово“ се сопственост на Телеком АД Србија.
Канцеларијата за Косово и Метохија предупредии дека ќе ја извести меѓународната заедница за „нелегалното узурпирање“ на државен и приватен имот.
Инаку, Косовската Влада вчера одобри продажба на 75 проценти на акциите на „Телеком Косово“ на конзорциумот на германската компанија „Аксос“ и на американската „Најафи компаниз“ за 277 милиони ерва.