Нането го намалува гладот- еве како

Истражувачите од Америка тврдат дека редовното вдишување на нане може да го намали чуството за глад и така може да дојдете до вашата посакувана тежина.

Во истражувањето еден универзитет волонтери вдишувале мирис на нане на секои два часа во текот на пет дена. На крајот на студијата тие го намалиле чувството за глад, а исто така во текот на седмицата внеле 3.485 калории помалку.

Претходните истражувања покажале дека спортистите кои вдишувале мирис на нане биле мотивирани и имале повеќе енергија.

Истражувачите укажуваат на тоа дека за навистина да ги осетите позитивните влијанија на нането, неопходно е да вдишувате етерично масло од нане или преку инхалатор, како што тоа го правеле волонтерите од студијата.

05.05.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега