Лима и Јариќ конечно признаа: Се разведуваме!

Адриана Лима и Марко Јариќ конечно признаа во јавноста дека се точни гласините дека се разведуваат.

- По долго размислување се одлучивме да се разведеме. Благодарни сме што сме родители на две преубави дечиња. Ќе ви бидеме благодарни ако ја почитувате нашата приватност, бидејќи поминуваме многу деликатно поглавје во животот, велат Марко и Лима.

За потсетување, неодамна во медиумите излезе веста дека Марко и убавиот ангел на Викторија Сикрет се разведуваат, а како причина се наведе неговото неверство.

05.05.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега