Нов бизарен тренд- доколку сте осамени шетајте зелки по улица

Дали некогаш сте биле толку осамени, па наместо вашето милениче да шетате зелка по улиците. Можеби ќе ви звучи неверојатно, но кинеските тинејџери гордо го прават тоа, во својата борба против депресијата и осаменоста.

Ова бизарен тренд ги зарази жителите на Кина, а овој вид терапија го препорачуваат и психијатрите, но предупредуваат дека тоа не може да биде замена за вистински контакт.

На овој начин кинеските млади, кои страдаат од осаменост ги исфрлаат негативните мисли, со помош на шетање главици зелка по улиците.

“Можам да почувствувам како ги префрлам своите негативни мисли на зелката и кога се шетам со неа се чувствувам многу подобро“, наведува еден тинејџер. Слично на него друга пак, тврди дека “неговата зелка“ потполно го разбира.

“Повеќе се интересирам за својата зелка, откоклу за родителите. Чувствувам дека ме разбира“, вели тинејџерот.

 

 

05.05.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа