Како во хорор филм- стотици птици и ја окупирале куќата

Еден жител на Калифорнија со денови се соочува хорор сцени од филмот „Птици“ во својот дом.

 

Ширли Браун кога влегла во нејзината куќа, не можела да си поверува на своите очи. Внатре имало стотици птици.

- Тие дојдоа од никаде. Имаше 200-300. Крикнував неколку пати. Се обидов да ги исплашам. Тоа беше неверојатно – рече Ширли Браун. Птици беа насекаде, во кујната, на таванот, под каучот, зад телевизија, вентилатор…

Според орнитолозите станува збор за птици од видот „Мала пиштарка“, а влегле во куќата преку оџакот.

Таа се обидувала да исчисти со правосмукалка.

 

- Кога го сторив тоа, ги исплашив и тие почнаа да излегуваат низ оџакот и ги бркав тие црни птици низ целата куќа. Беше лудо. Претпоставувам дека тие дојдоа тука за да се скријат од невремето што доаѓаше – рече Ширли.

 

Од тој ден птиците секоја вечер околу 20 часот се враќале во нејзиниот дом. Интересно е што иако во близина има неколку куќи со оџаци, птиците постојано ја бирале нејзината.

- Мислам дека со промената на времето ќе си одат. Се надевам – рекла жената.

 

05.05.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега