Во СДСМ нема раскол: Заев и Црвенковски се на иста страна

Заев и Црвенковски се на иста страна по поразот на СДСМ на предвремените парламентарни и претседателски избори. Извори од СДСМ за Press24 велат дека кризата на Бихаќка не е предизвикана од Црвенковски, туку дека членството спонтано манифестира незадоволство по катастрофата на 27април. Членството е бесно бидјеќи и по 9 избрнипорази, СДСМ не може да се реформира и се обидува со исти методи, кои не носат резултатида ја порази владејчката гарнитура на Груевски.
Оттука, извори од СДСМ брифираат дека не се точни информациите во дел од медиумите дека Црвенковси создава раскол во партијата, бидејќи како што велат, Заев е кадар на вечниот лидер, а доказот за тоа ќе стигне на Конгресот на 11 мај кога струмичкиот градоначлник ќе ја добие поддршката од делегатите со што ќе стане јасно дека ја има и поддршката на Црвенковски. 

05.05.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега