Туризмот и оваа година ќе ни пати од Грција

И оваа година грчкиот туризам најверојатно ќе ги прегази македонските туристички места. Ако се суди според првичните податоци, запрвите месеци од 2014 година, Грција бележи најголем раст во секторот туризам во однос на нејзините главни туристички конкуренти.
Според податоците на грчката цивилна авијација, бројот на туристи кои доаѓаа со авион, во првиот кватал од 2014 пораснал за 11,8%, додека прихоите од туризам во првите два месеци од годинава се зголемиле за 17,3% на 294,1 милиони евра, покажуваат податоците на грчката Народна банка.
Соседниот Кипар бележи намалување на бројот на странски туристи за 7,8% а приходите од туризам во јануари паднале за половина процент.
Во Македонија, според Државниот завод за статистика, во периодот јануари- февруари 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на 
туристите е зголемен за 1.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.6%, а кај странските има зголемување за 1.9%.

05.05.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа