ДЗС ќе информира за состојбите со поплавите

 

Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе соопшти какви се актуелните состојби со поплавите од поројните дождови што ја зафатија Македонија.

Во општина Куманово поради засилениот дожд викендов, дошло до излевање на реката Кумановка кај селото Доброшане при што се поплавени 20 хектари земјоделска површина, додека кај селото Довезенце излеана е Крива Река и поплавени се 10 хектари. Во општина Кочани излеана е Злетовска река кај селото Ново Селани и поплавени се оризови полиња. 

Во Крива Паланка нема излевање и поплавување на реките и водотеците, иако во саботата нивото на Крива Река и Дурачка Река било покачено. Состојбата со реките е нормализирана и стабилна. Покачено ниво на реките и водотеците завчера е забележано и во општина Радовиш, но и таму состојбата е нормализирана.

Во Штип по барање на општината доставени се 1.000 вреќи песок за изградба на заштитен насип  на  бунарите кај  реката Брегалница.

Дирекцијата за заштита и спасување ја следи состојбата, а нејзините одделенија се подготвени да помогнат доколку дојде до излевање на водотеците и до поплавување.

05.05.2014 - 09:42
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега