Лазаров со Барса го дигна Кралскиот Куп

Тимот на нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, Барселона, успеа да го освои Кралскиот Куп во Шпанија, откако во финалето го совлада тимот на Гранолерс со 42:32.

Лазаров шест пати ја затресе противничката мрежа, а со најмногу голови заврши Сармиенто кој постигна седум. Чуварите на мрежите Шариќ и Робин забележаа по 13 одбрани, додека кај тимот на Гранолерс со по пет погодоци се истакнаа Перез Мартинез и Руиз Санчез. Резервните голмани пак Састре Родригез и Шулц забележаа 12 одбрани.

Со освоениот национален Куп на Шпанија, бројот на трофеи на Кирил Лазаров порасна до 38, а од нив најмногубројни се токму трофеите од куповите во земјите во кои настапувал, дури 16. Со оваа титула освоена во Памплона, македонскиот ас Купот го освојувал со пет различни екипи: Пелистер, Бадез 1862 Загреб, Фотекс, Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) и Барселона.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на IHF Супер глоб:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 1 со Барселона (Шпанија))

Национален првак: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 1 со Барселона (Шпанија)

Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид и 1 со Барселона (Шпанија))

05.05.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа