Патнички воз излета од шините- 19 лица загинаа

Најмалку 19 лица загинаа, а 130 се повредени, кога патнички воз излета од шините во западна Индија.

 

Инцидентот се случил во областа Рајдаг, 110 километри јужно од Мумбај, во близина на станицата Роха, кога композицијата излетала од шините. 

 

Возот сообраќал од Дива, преградие на Мумбај кон Савантвади, во близина на летувалиштето Гоа. 

Претставник на полицијата изјави дека спасувачите морале да ги сечат превртените вагони за да дојдат до патниците, кои биле заробени во нив. 

 

Засега не е позната причината за несреќата.

05.05.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега