На дождот му се гледа крајот: Еве до кога ќе врне

Во Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а нестабилно со локални врнежи од дожд ќе биде во северните, северозападните и западните предели. Ќе дува засилен северозападен а во западните предели засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 4°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10°C односно до 19°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Weather4all

Во Скопје во понеделник ќе бид еумерено облачно со сончеви периоди и со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ке дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 17°C.

Во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во источните и југоисточните предели. Ќе дува умерен северозападен ветер кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен, а во западните предели ќе дува умерен североисточен кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен ветер. Утринските температури од 4°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 13°C до 22°C. 

Во среда ќе биде претежно сончево и потопло со пораст на дневните температури. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 25°C.

Претежно сончево и топло ќе биде и во четврток. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 17°C до 26°C.

Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне со услови за локални врнежи од дожд во крајни западни и северозападни предели.  Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 6°C до 13°C, а максималните температури ќе достигнат до 17°C односно до 26°C. 

04.05.2014 - 21:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега